Жозе Мурињо како дел од аналитичкиот тим за ЕВРО 2020 го анализираше дуелот меѓу Шпанија и Хрватска, порачувајќи им на „коцкестите“ дека допрва им претстои сериозен проблем – да најдат играч кој ќе ја преземе улогата на лидер од Лука Модриќ.
Токму Мурињо беше стратегот што го донесе Модриќ во Реал Мадрид во 2012 година, двајцата имаа можност да соработуваат само една сезона бидејќи „специјалниот“ следното лето си замина од „Сантијаго Бернабеу“, но Португалецот секогаш со најголеми комплименти говори за хрватскиот фудбалски генијалец.
„На Хрватите сигурно тешко им падна ваквата елиминација. Сепак, тие имаат многу посериозен проблем од поразот, тоа е како ќе најдат играч што ќе го замени Модриќ кога тој ќе реши да се пензионира. Кога Лука еден ден ќе објави крај на кариерата, луѓето како нас, кои искрено го сакаат фудбалот, ќе бидат многу тажни. Кога го прашав Флорентино Перез да го доведеме од Тотенхем, не сакам ни да се присетувам бидејќи знам колку тешки беа тие преговори, но на крајот тој дојде во Реал, остана десет години играјќи во најголемиот клуб под најголемиот можен притисок – и беше извонреден. Ги прави работите на теренот да изгледаат толку едноставни, никогаш нема да погодите дали е подобар со десната или со левата нога, а згора на тоа е исклучително скромен. Вчера на стадионот му аплудираа сите на трибините, и Хрвати и Шпанци, што е најдобар доказ за неговата фудбалска големина“, изјави Мурињо за Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА