Интер се врати на врвот на Италија откако во 34. коло на домашен терен славеше против Рома со 3-1. Натпреварот го одбележаа одлични потези и голови, но и љубовта помеѓу навивачите на „нероаѕурите“ и Жозе Мурињо.
Португалецот и италијанскиот клуб ги поврзува нераскинлива врска по освојувањето на Лигата на Шампионите, Серија А и Купот на Италија во сезоната 2009/10, а љубовната приказна продолжи и вчера кога целиот стадион го скандираше неговото име.
Lovely moment Inter fans serenade their former treble-winning manager José Mourinho 👏
One of the special ones ✨ pic.twitter.com/OG6STi25UF
— Football on BT Sport (@btsportfootball) April 23, 2022
Мурињо се обиде да остане професионален па во знак на почит само ја крена раката, но по натпреварот не ги криеше своите симпатии кон „сино-црните бои“ и изјави дека сака Интер да ја освои титулата.
„Јас го сакам Интер и Интер ме сака мене, но тука сум со цел да победам на секој натпревар. Сега кога немаме повеќе натпревари против Интер, Милан и Наполи сакам да кажам дека ќе ми биде мило Интер да ја освои титулата. Тоа не смеев да го кажам порано, ова е мојата работа и платен сум за да победувам“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА