Ако реши да се ослободи од менаџерот Жозе Мурињо пред истекувањето на договoрот, Манчестер јунајтед ќе треба да му плати на Португалецот нешто повеќе од 20 милиони фунти. Тој има активен договор според кој заработува по 13,45 милиони фунти по сезона.
Темата околу огромната сума што би ја добил Мурињо при евентуален отказ стана актуелна поради резултатската криза во која се наоѓа Јунајтед, а уште повеќе поради војната што ја има менаџерот со првата ѕвезда Пол Погба.
Јасно е дека клубот нема да може да ги задржи и двајцата подолг период. Погба сака да си замине, а во прв план наводно му е враќање во Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА