Милан Шкриниар, словачкиот репрезентативец ова лето се врати назад во редовите на ПСЖ, но очекувањата се дека нема да се задржи долго во главниот град на Франција.
Тој не е во плановите на „светците“ па следи нова преселба, овој пат се очекува и истата да биде постојана за разлика од минатата сезона која ја помина на позајмица па останува уште да биде одреден клубот.
За неговите услуги постои огромен интерес од доскорешниот клуб Фенербахче каде се наметна како незаменлив дел од составот на Жозе Мурињо, но постои и сериозен интерес од Наполи каде Антонио Конте го гледа како столб во одбраната во походот кон трофејот во Лигата на Шампионите.
Агентот на Шкриниар преговара со двете страни, а се чини дека е поблиску до договор со Фенербахче за кој забележа 23 настапи минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

