Манчестер јунајтед и Тотенхем се на прагот да договорат интересна замена која ќе им одговара на двата клуба. На „Олд Трафорд“ треба да се пресели Тоби Алдерверелд, а на спротивната страна би заминал Антони Марсијал. Се разбира, Тотенхем би доплатил уште околу 10 милиони евра, со оглед дека Французинот има поголема вредност на трансфер-пазарот.
Мурињо очајно бара елитен дефанзивец, а Белгиецот Тоби Алдерверелд дефинитивно може да одговори на неговите барања. Тој имаше непријатна повреда и поради тоа го загуби местото во тимот на Тотенхем, но се работи за квалитетен одбранбен фудбалер. Алдерверелд има уште само 12 месеци од актуелниот договор со Тотенхем, одбива да ја продолжи соработката, па „спарси“ се принудени да го продадат за да не се случи следното лето тој да си замине без никаква отштета.
Марсијал исто така би добил шанса за поголема минутажа и ново докажување. По доаѓањето на Алексис Санчез, Французинот нема многу простор за напредок во Јунајтед, па се чини дека трансфер во Тотенхем за него би бил идеална можност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА