Досегашниот фудбалер на бразилски Палмеирас, Матијас Виња, потпиша петгодишен договор со Рома. Според римскиот клуб, левиот бек потпишал договор до 30 јуни 2026 година, за 13 милиони евра. Договорот за трансфер вклучува голем број дополнителни клаузули за 23-годишниот уругвајски фудбалер, а Палмеирас ќе има одреден процент од оваа продажба.
Виња рече дека му е исполнета долгогодишната желба да игра во Европа и дека е задоволен што ќе игра во престижен клуб како што е Рома. Тој освои неколку трофеи додека играше во Уругвај за Национал и во Бразил за Палмеирас, вклучувајќи го и Купот Либертадорес. Во Рома го резервираше дресот со број пет.
Тој дебитираше за репрезентацијата на Уругвај во 2019 година и одигра 16 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА