Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги обвини неговите играчи за немање срце по „килавото“ реми без голови против Кристал Палас во дуелот од 13. коло во Премиер-лигата.
„Фудбал се игра со мозок, но и со срце и мислам дека во нашиот случај нема доволно срце. Го немавме интензитетот кој според мое мислење е поврзан и со мозокот и со срцето. Има натревари кои се посебни, а ова беше таков натпревар“ – изјави Мурињо по натпреварот.
Во пресрет на овој дуел, Мурињо се надеваше конечно на максимален број бодови од преостанатите средби до крајот од 2018 година и пробив до четвртата позиција на табелата. Јунајтед киксна уште на првата пречка, со 21 бода е само на седмото место на табелата. Заостанува дури 14 бода зад водечкиот Манчестер Сити.
Манчестер Јунајтед доби дамо три од деветте одиграни дуели на „Олд Трафорд“ сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА