Жозе Мурињо е „посебен“ како тренер, а посебни се и неговите методи со кои ги договара најголемите трансфери. Работниот кабинет на Португалецот во Манчестер јунајтед е всушност „магична соба“ опремена со највисока технологија.
Мурињо пред јавноста неодмана откри дека трансферите и сите други клупски потези ги планира во чудесната комуникациска соба во тренинг центарот на Манчестер јуунајтед во Керингтон. Високата трехнологија му овозможува практично да стои покрај своите соговорници без разлика дали тие се блиску или илјадници километри далеку во светот.
Во „магичната соба“ на Мурињо најчест гостин е извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд. Португалскиот тренер со него често разговара и виртуелно кога тој е во својата канцеларија во Мајфер.
„Технологијата прави чуда. Нашата комуникациска соба е толку добра што практично, ние не престануваме да зборуваме“ – се пошегува Мурињо за својата комуникација со Вудворд.
„Магичната соба“ на Мурињо е исполнета со огромни екрани кои им овозможуваат на неговите соговорници виртуелно да се појават со притискање на едно копче. Шефицата задолжена за одржување на комуникациите, Алисон Винсент, смета дека високата технологија на Мурињо му дава голема предност посебно кога преговара со играчите.
„Видо-комуникацијата им овозможува подобра комуникација во споредба со аудио повиците. Нашиот систем ги намалува пречките во комуникацијата и го олеснува донесувањето на одлуките, посебно кога станува збор за трансфери со високи суми. Мурињо работи како физички да седи во собата со оние од другата страна, може да преговара со луѓето во Мадрид, Бомбај или Милано, без разлика каде се наоѓаат тие. Екраните се толку добри што на момент заборавате дека комуникацијата се одвива преку видео, а не во живо“ – вели соработничката на Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА