Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед сака да го задржи во своите редови Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ најмалку уште една сезона, но плановите може да ги наруши неговата сопруга Хелен Сегер. Таа сака да се врати во Италија, каде временските услови се многу поубави од врнежливата Англија. Ова му создава големи проблеми на менаџерот Жозе Мурињо, кој сака да го има Ибракадабра во својот тим и следната сезона.
Шведскиот ветеран покажа дека и со своите 35 години може да игра на врвно ниво, стана највозрасниот играч во историјата на Премиер – лигата кој постигнал 15 гола веќе до февруари, а Мурињо дури за следната сезона планира напад на шампионската титула. Но, дали желбите на сопругата на Ибрахимовиќ ќе се испречат пред неговите планови.
Швеѓанецот има понуда од Наполи за да се врати во Италија, и медиумите на Апенините тврдат дека истата сериозно се разгледува во семејството на Ибрахимовиќ…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА