Мурињо има три барања за да продолжи договор со Рома

Португалскиот тренер Жозе Мурињо има договор со Рома до крајот на 2024 година, меѓутоа наголемо се шпекулира дека соработката може да биде продолжена и до 2026 година.

Наводно Мурињо за таа цел им ги искажал своите планови на челниците на „волчицата“, односно Португалецот има свои барања.

Се однесува на засилувања на екипата, со цел да биде конкурентна во битката за титулата, или за излез во Лигата на шампионите,

Мурињо побарал засилувања, а наводно едно од нив се однесува на нападот, со оглед дека екипата би можела да остане без Теми Абрахам кој може да замине за сума од 72 милиони евра. Англичанецот е на „мета“ на Манчестер Јунајтед и на Челси, каде настапуваше пред да замине во Италија.

Мурињо исто така побарал и засилување во средниот ред, но и во одбраната.

Се вчитува...