Рома на Жозе Мурињо, вчера во судиското надополнување освои бод на гостувањето во Неапол, и така веројатно го отпиша Наполи од битката за титулата. „Специјалниот“ по мечот индиректно беше незадоволен, веројатно од судиите и рече дека било невозможно да се победи во Неапол.
Меѓутоа „Специјалниот“ директно не одговори на новинарско прашање дали притоа мисли на судењето или на нешто друго.
„Пресреќен сум поради бодов и се радувам на него. Не затоа што мислам дека беше невозможно да направиме добар резултат затоа што верувам во тимот, туку поради тоа што имав впечаток дека едноставно е неверојатно да се победи во Неапол под вакви околности“, рече Мурињо и додаде.
„Мојот тим беше фантастичен. Некои тимови се борат за титулата, ние не, но и натаму имаме право да пробуваме да добиваме натпревари. Денеска ми се чини дека немавме такво право“, рече Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА