Мурињо инсистира Мегваер да дојде на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед ќе ги насочи времето и средствата во обидот да го доведе англискиот репрезентативец, Хари Мегваер на „Олд Трафорд“. На три недели пред крајот на трансфер периодот во Англија, менаџерот Жозе Мурињо решил дека по засилувањата што ги доведе, треба да ја пополни позицијата на централен дефанзивец со Мегваер.

Играчот на Лестер го привлече внимането со одличните изданија на Светското првенство во Русија во дресот на Англија. Мегваер има уште четири години од договорот Лестер, а клубот веќе најави дека би преговарал со него за продолжување на соработката. „Лисиците“ планираат да му ја зголемат неделната плата на 80.000 фунти.

Но, Јунајтед е подготвен да плати 65 милиони фунти за ангажман на Мегваер, а фудбалерот би добил плата од најмалку 120.000 фунти неделно.

 

 

 

 

 

Се вчитува...