Мурињо изигруваше „циркузант“ на мечот со Јунајтед, па доби црвен картон (ВИДЕО)

Фенербахче ремизираше (1-1) со Манчестер јунајтед во третото коло од Лига Европа, во меч во кој повторно некако во центарот на вниманието беше Жозе Мурињо.

Пртугалецот најпрво во првото полувреме не можеше да верува што одбрани Андре Онана, па со урнебесна реакција ја занимаваше публиката.

Но, во второто полувреме вистински збесна поради судиска одлука, па набрзо доби црвен картон и се пресели на трибините.

Се вчитува...