Мурињо изненади: Ајде да не зборуваме за пеналот, туку за тоа колку добро игравме…

Жозе Мурињо низ богатата тренерска кариера многу често ги коментираше судиските одлуки против неговиот тим, но Португалецот не се реши за таков потег по дуелот меѓу Јувентус и Рома.

Судијата Орсато поништи гол на Рома за да досуди пенал за „волчицата“ што Верету не успеа да го претвори во израмнувачки погодок, но Мурињо одби да ја коментира одлуката за која неговите фудбалери бурно реагираа за време на натпреварот.

„Не го видов пеналот на повторена снимка, така што не би сакал да говорам за тоа. Ајде да зборуваме за тоа колку добро игравме. Семафорот вели дека загубивме, но не можам да опишам колку сум горд на она што моите момци го покажаа на теренот. Се надевам дека некој од играчите на Јуве ќе собере храброст да го каже во јавноста она што ни го кажаа на патот кон соблекувалната. Јас сум доаѓал на овој стадион и сум победувал кога не сум заслужувал со играта, денеска загубив иако со прикажаното заслуживме да победиме“, изјави Мурињо.

Се вчитува...