Mурињо изврши упад во соблекувалната на судиите по дербито со Галатасарај (ВИДЕО)

Тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо им приреди „добредојде“ на судиите по ремито во големото турско дерби. Најголемото дерби на турскиот фудбал меѓу Галатасарај и Фенербахче заврши без победник 0-0.

За главен судија на натпреварот беше назначен Словенецот Славко Винчиќ, кој имаше тешка задача да ја контролира средбата меѓу двата најтрофејни клуба во Турција.

Сепак, непријатните моменти за него не завршија со последниот свиреж, бидејќи Жозе Мурињо го пречека на вратата од судиската соблекувална.

Според турските медиуми, Португалецот упаднал во соблекувалната на судијата и имал што да му каже.

 

Се вчитува...