Дисциплинската комисија на турскиот фудбалски сојуз го казни Жозе Мурињо со суспензија од три натпревари. Тренерот на Фенербахче е казнет затоа што му го фати за нос тренерот на Галатасарај Окан Бурук.
Да потсетиме, по поразот од Галатасарај со 1:2 во четврт-финалето на Купот на Турција, Мурињо влезе во вербален конфликт со Бурук, по што го фати за носот.
Ова го окарактеризираа како напад на стручњак, па Мурињо нема да го води Фенер во следните три првенствени натпревари.
Фенербахче заостанува шест бода зад Галатасарај во првенството, откако одигра и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА