Мурињо ја откри својата здравствена состојба

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ја коментираше неговата здравствена состојба откако стана јасно дека треба да оди на операција.

Португалецот мистериозно и без никој да знае, го напуштил клубот за да направи операција. Иако медиуми шпекулираа за потежок зафат, сепак, се огласи и самиот тренер за да ја коментира ситуацијата.

„За сите вас кои изразивте загриженост, пишувањата за мојата операција беа многу претерани. Ова е само брза и мала процедура. Ќе продолжам со тренинзи на првиот ден по празниците, како и секогаш. За 25 години не пропуштив ниту еден тренинг и нема да пропуштам“, напиша Мурињо на една од своите социјални мрежи.

Се вчитува...