Мурињо ја предвиде „судбината“ на Еден Азар

Еден Азар објави крај на неговата блескава кариера во која како предводник на Лил и Челси освои вкупно седум трофеи, а подоцна оваа листа ја дополни за уште седум во дресот на Реал Мадрид каде сепак повредите го спречија да го покаже најдоброто од себе.

Во редовите на Челси Белгиецот за предводник го имаше Жозе Мурињо, „Специјалниот“ кој е добро познат по предвидувањето на иднината на фудбалерите. Мурињо не згреши кога станува збор за Деле Али, а ниту за Еден Азар со оглед на изјавата која ја даде во 2015 година.

„Азар е неверојатен играч и физички е многу силен, но ако не се чува и ако не го чува тимот ќе дојде ден кога нема повеќе да го имаме Еден Азар. Тој трпи многу удари и се еден ден тоа ќе се одрази, а тој брзо ќе ја заврши кариерата“, изјави Мурињо.

Се вчитува...