Замената за Немања Матиќ во редовите на Рома ќе биде Леандро Паредес со кој „волчицата“ договори трансфер вреден четири милиони евра, а Аргентинецот нема да биде единствениот кој ова лето од ПСЖ ќе премине во главниот град на Италија.
Со Паредес на пат кон Рим заминува и Ренато Санчез, некогашниот голем талент кој прво ќе се „проба“ во четата на Жозе Мурињо. Португалецот ќе потпише едногодишна позајмица по која Рома ќе има обврска да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра доколку настапи на 60 отсто од натпреварите.
Leandro Paredes to AS Roma ✅
Renato Sanchez to AS Roma ✅2 confirmed, 2 checks. 🟡🔴🐺
Thanks!! 🐐😎 pic.twitter.com/RIGPWiaH2u— Michael Rincón (@MykeRincon) August 14, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА