Мурињо: Јас и уште еден тренер сме најдобри, другите може да молчат

Со 61-годишна возраст и како единствен тренер кој ги освоил сите три европски клупски натпреварувања (Лига на шампиони двапати, Лига Европа двапати, Конференциска лига еднаш), е познато дека Жозе Мурињо како тренер искусил речиси се што може да постигне во својата тренерска кариера. кариера.

Неколку титули во лигата во Португалија (2), Англија (3), Италија (2) и Шпанија j (1) исто така покажуваат колку тој навистина е одличен. Неговата преселба во истанбулски Фенербахче ова лето беше уште поневеројатна. Сега „The Special One“ проговори јасно во интервју за „Марка“.

Тој открива дека и натаму е фан на Реал Мадрид, и дека во сите клубови каде што работел, има само добар однос.

„Секогаш сум мадриста, и секогаш ќе бидам“, рече Мурињо.

На прашањето како така еден голем тренер сега да работи во Фенербахче, тој истакна.

„Не се случува често успешните тренери да водат помали клубови. Освен јас и Анчелоти кога дојде во Евертон. Сите мислеа дека неговата кариера е готова, но тој се врати во Реал и освои се што може да се освои. Кога ќе заврши генерацијата на Карло и мојата, се сомневам дека ќе има слични кариери кои можат да бидат успешни толку долго. Денес добрите тренери побрзо стигнуваат до врвот и ги менуваат со иста брзина. Ги менуваат во првата прилика. Јас и Карло траеме многу долго. Еве Анчелоти е пример, ја освои првата титула во 2003 година, а последната до сега во 2024 година. Првата ја освоив во 2004 година, а последната во 2022 година. Друг некој нема вакво достигнување“, рече „Специјалниот“ во интервјуто.

Се вчитува...