Започнува нокаут фазата од Лигата на шампионите, а еден од најинтересните парови е оној помеѓу Бенфика и Реал Мадрид.
Дека ова ќе биде вистински елиминациски натпревар помеѓу двата шампиони на Европа се виде во последното коло од лигашката фаза, кога Бенфика, предводена од поранешниот тренер на Реал, Жозе Мурињо, ја доби потребната победа на самиот крај за да влезе во 24-те екипи што го продолжуваат натпреварувањето.
Сега тие повторно се среќаваат, овој пат во двомеч, а пред првата средба во Лисабон, Специјалниот беше прашан за неговиот мандат во Реал, кој беше крунисан со титулата во Шпанија, но и со неуспеси во Лигата на шампионите. Три елиминации во полуфиналето, што му претходеа на 10-та титула во Лигата/Купот на шампионите во 2014 година под водство на Карло Анчелоти.
„Си заминав со чиста совест. Флорентино ми рече на разделба: „Сега доаѓа лесниот дел, тешкиот дел заврши“. Тоа беа интензивни, тешки и турбулентни години. Тие беа дел од процес што подоцна вроди со плод“, рече Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

