Мурињо: Јувентус не треба да биде во Лигата на Европа

Жозе Мурињо бележи одлични резултати во еврпоските натпреварувања со Рома, Португалецот лани го крена трофејот во Конференциската лига на УЕФА, а сезонава стигна до четвртфиналето од Лигата на Европа.

Трофејниот стручњак не го криеше задоволството по елиминацијата на Реал Сосиедад, но потоа испрати критика до УЕФА поради системот на натпреварување и овозможување на екипите кои се трети во своите групи од Лигата на Шампионите потоа да продолжат во Лигата на Европа.

„Можеби не сме најдобриот тим во светот, но сме прилично солидна група која игра квалитетен фудбал. Задоволен сум, елиминиравме ривали како Салцбург и Реал Сосиедад, да видиме кој ќе ни се падне во четвртфиналето. Според мене, тука има тимови на кои не им е местото. Ако си елиминиран од некое наптреварување, треба да си одиш дома, а не да ти се даде втора шанса во некое друго натпреварување. Затоа, ако на крајот трофејот го крене тим што испаднал од ЛШ, тогаш Лигата на Европа ќе нема никакво значење за мене“, изјави Мурињо.

Италијанските медиуми го оценија ова како директно „пецкање“ на големиот ривал Јувентус, кој откако беше елиминиран од Лигата на Шампионите игра добро во ЛЕ и важи за еден од главните фаворити за трофејот.

Се вчитува...