Италијанскиот калчолигаш Рома е заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, фудбалер кој веќе подолго време не е во плановите на „црвените ѓаволи“.
Според англиските медиуми, клубот од Рим е прв во трката за доведување на 29-годишниот играч за врска, а покрај нив за услугите на англискиот репрезентативец се заинтересирани уште два италијански тима, Јувентус и Милан.
Жозе Мурињо гледа спас во Лингард за следната сезона, надевајќи се дека ќе го „воскресне“ Џеси и ќе го врати како во старите добри времиња. Лингард игра за Јунајтед од 2011 година, но неколку пати беше позајмен, во Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и во Вест Хем.
Џеси воопшто не е задоволен од третманот во Јунајтед, имајќи предвид дека сезонава најмногу влегуваше од клупата за резерви и собра само 200 минути во Премиер–лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА