Жозе Мурињо пристигна во редовите на Рома како голема надеж на тимот од главниот град на Италија за враќање на големата сцена, а Португалецот ќе има слобода за состување на тимот кој треба да ја покори „Чизмата“.
Еден од играчите кои Мурињо ги посакува во редовите на „волчицата“ е голманот на Тотенхем, Хуго Љорис. Долгогодишниот член на лондонскиот состав е незаменлив помеѓу стативите на тимот од „спарси“, но ситуацијата во клубот е далеку од идеална, а токму тоа ќе се обиде да го искористи португалскиот стратег.
34-годишникот оваа сезона на 38 натпревари во Премиерлигата, 12 пати успеа да ја сочува мрежата недопрена. Трансфермаркт го проценува Французинот на девет милиони евра, но Рома ќе треба да надмине оваа цифра доколку го посакува репрезентативецот во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА