Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола се големи ривали веќе долги години. Претходно во Шпанија, а сега се во Англија. Мурињо и Гвардиола повторно ќе се најдат на спротивните страни денеска, со Манчестер Сити и Тотенхем.
Нивната врска е издигната на повисоко ниво во последните години, особено по настаните по 2017 година.
„Јас припаѓам на генерацијата тренери кои мислат дека она што се случува за време на натпреварот останува таму. Имам само добри спомени и чувства за Пеп. Постојат моменти кои не се забораваат. Никогаш нема да го заборавам неговиот гест од 2017 година кога почина татко ми. Тој знаеше колку е тоа важно за мене, и се јави. Кога неговата мајка почина, пак, јас веднаш го побарав“, рече Мурињо.
Инаку, Мурињо и Гвардиола соработуваа неколку години во Барселона кога Португалецот беше асистент на Боби Робсон и Луис ван Гал, додека Шпанецот го носеше дресот на каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

