Мурињо: Ќе земев повеќе пари ако седев дома, но …

Жозе Мурињо имаше победничко деби на клупата на Бефика, па „специјалниот“ сега преполн со самодоверба влегува во премиерниот меч на домашен терен против Авес (вечерва во 20.15 часот).

Португалецот беше без работа само десетина дена, најавуваше дека ќе земе одмор од фудбалот откако доби отказ во Фенербахче, но веднаш го смени ставот штом пристигна понудата од Бенфика. Мурињо јасно стави до знаење дека финансиите не играле никаква улога во овие преговори, бидејќи повеќе пари ќе заработувал ако седел дома и добивал плата од раскинатиот договор со Фенербахче.

„Да останев дома и не работев ништо, ќе земав повеќе пари од ова што ќе го добивам во Бефика. Можев да уживам со семејството, да живеам во Лондон, да патувам околу, и пак ќе заработував повеќе. Ако сакате верувајте ми, но јас во Бефика сум – дури не е ни бесплатно, туку сум во минус од финански аспект со тоа што потпишав за овој клуб. Ме прашувате зошто? Затоа што ми недостигаше да се борам за титули, не го можев тоа во Рома, ниту пак во Фенербахче. Сепак пак работам во клуб со кој ќе атакувам на трофеи. Ова беше одлична можност за мене, од човечки и од тренерски аспект и затоа експресно се договоривме“, изјави Мурињо.

Се вчитува...