Мурињо конечно во селекторските води: Нов селектор на Нигерија!?

Само шест месеци откако ја презеде тренерската функција во Рома, Жозе Мурињо е во преговори за конечно запловување во селекторските води.

Како што пренесува англиски „Дејли мејл“, Мурињо наскоро се очекува да биде промовиран како нов селектор на репрезентацијата на Нигерија.

Претседателот на Нигерискиот фудбалски сојуз, Амају Пиник сака да ангажира фудбалски стратег под чие водство Нигерија би дошла до трофејот на Афричкиот куп на нации. А, наводно, веќе е во преговори со Мурињо.

„Дисциплината и гладот за трофеи е тоа што го бараме од новиот селектор. Мурињо? Да, разговаравме со него, а разговараше и Министерот за спорт“ – изјави Пиник за „Дејли мејл“.

Се вчитува...