Манчестер јунајтед ја загуби шампионската битка во Премиер – лигата со градскиот ривал Манчестер сити, но веќе се подготвува за одговор во следната сезона. Менаџерот Жозе Мурињо е во потрага по квалитетен лев бек и се чини дека го пронајде во редовите на шкотскиот првак Селтик.
Португалецот „фрлил око“ на Киеран Тирни, 20-годишниот фудбалер на Селтик, кој оваа сезона игра во одлична форма во дресот на „детелинките“. Манчестер јунајтед е подготвен да плати 20 милиони фунти за ангажман на овој фудбалер, но проблем е што тој неодамна потпиша шестгодишен договор со Селтик. Сепак, не доаѓа секој ден понуда од „Олд трафорд“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА