Мурињо „ладен како шприцер“: Рома нема направено никакви подготовки за финалето против Феенорд!

Рома синоќа успеа да слави во првиот натпревар од последната рунда во Серија А и со победа од 0-3 над Торино си обезбеди учество во Лигата на Европа наредната сезона, без оглед на тоа што ќе направи во финалето во Конференциската лига.

По ваквиот исход, Рома ќе биде најмалку шестопласирана на крајот од сезоната, а може да заврши и петта доколку Лацио загуби од Верона на натпреварот кој го игра на домашен терен.

Својата прва сезона како тренер на Рома во Серија А, Жозе на крајот ја заврши во свој необичен стил, односно одби да разговара со новинарите и ги избегне претставниците на медиумите, од едноставна причина веднаш да се насочи кон она што следи и сериозно да ги засука ракавите.

До мечот со Торино, Мурињо не направил никаква подготовка за финалето против Феенорд кое се игра во Тирана, а тоа го откри дефанзивецот Манчини.

„Се уште не сме го анализирале и простудирале Феенорд. Тренерот имаше максимален фокус на Торино, за него беше најважно да победиме вечерва против Торино. Нема да лажам, гледав неколку меча на Феенорд оваа сезона, но од недела ќе започне нашето студирање на противникот во финалето“, откри Манчини.

Се вчитува...