Мурињо: Ливерпул само има многу среќа…

Манчестер јунајтед гостува на „Енфилд роуд“ во дербито на колото од Премиер – лигата, а Жозе Мурињо се потруди да ги разгори страстите во пресрет на дуелот кој е закажан за 17 часот. Португалецот го ’пецна’ противникот дека всушност и не е толку квалитетен, туку го следи голема среќа на последните мечеви од шампионатот и во Лигата на шампионите. „Специјалниот“ секогаш знае да направи специјална најава на дерби – пресметките.

„Знаат тие многу добро како го победија Евертон, и како се спасија од Наполи во последните секунди. Не се непобедливи, го знае тоа и Јирген Клоп. Имаат само многу среќа. Но, имаат голема самодоверба, затоа што во моментот се наоѓаат на врвот. Го имаат чувството што го имав и јас кога бев лидер на табелата. Но, знам и дека максимално го респектираат Манчестер јунајтед. Знаат и дека ние можеме да дојдеме на „Енфилд роуд“ и без проблем да ги победиме. Секако, и тие имаат свои силни страни. Се надевам дека нема да ги покажат на денешниот дуел“, изјави Жозе Мурињо во пресрет на мега-пресметката.

Ливерпул со победа над Манчестер јунајтед би се вратил на првата позиција на табелата во Премиер – лигата, додека „црвените ѓаволи“ се на шестото место и заостануваат дури осум бода зад Челси, кој ја чува четвртата позиција што носи пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...