Мурињо: Македонија ѝ нанесе историски пораз на Германија

Жозе Мурињо, контроверзниот и легендарен фудбалски стратег, даде своја анализа за Европското првенство. а меѓу другото го спомна и одличниот натпревар на Македонија во Дуизбург пред неколку месеци и големата победа над Германија од 1-2.

Португалецот за „Сан“ истакна дека Германија зад себе остави катастрофални настапи во Лигата на нациите и квалификациите за Светското првенство, а потенцира дека Македонија ѝ нанесе историски лош резултат со поразот на свој терен.

„Тимот на Јоаким Лев играше многу лошо во Лигата на нации и квалификациите за Светското првенство. Македонија му нанесе историски пораз. Прилично е тешко да се разбере зошто нивните резултати се толку лоши во последните две години. Но, сега е моментот на вистината. Ова ќе биде последно Европско првенство за Милер, Нојер, Хумелс и сигурно ќе имаат мотив плус за успех. Да не заборавиме, таа е Германија, тим кој кога ќе излезе на терен сите се плашат. Тие се „војници“ и се дисциплинирани. Може да биде елиминирана во групата, но ако ја помине, тогаш може до финале“, рече Моу.

Во групната фаза од континенталниот собир, Германија има тешка задача, затоа што се наоѓа во „групата на смртта“, а пред себе за противници ги има Франција, Португалија и Унгарија.

Се вчитува...