Мурињо: Манчестер јунајтед за мене е затворено поглавје

Жозе Мурињо во среда за првпат ќе се врати на „Олд трафорд“ по отказот кој го заработи минатата година. Пред натпреварот тој говореше за времето поминато во Манчестер, а порача и дека во моментов е среќен во Тотенхем.

„Се чувствувам добро. Сакам големи натпревари. Сакам да играм против најдобрите клубови и тоа е најважно за мене. Враќањето на „Олд трафорд“ е враќање на местото каде бев среќен, тоа можам да го кажам. Имам одличен однос со навивачите на јунајтед. Во среда се враќам како тренер кој треба да го добие јунајтед и тоа ми дава друга перспектива“, изјави Мурињо. 

Мурињо откако е тренер на Тотенхем на два меча во Премиер-лигата се случи да има позитива од 3-0, а на крајот мечот да заврши 3-2.

Се вчитува...