Мурињо: Мислев дека Ростов има терен за играње фудбал (ФОТО)

Жозе Мурињо гласно реагираше по одлуката на УЕФА да даде зелено светло за играње на мечот од Лигата на Европа меѓу Ростов и Манчестер јунајтед, без оглед на очајната состојба на теренот за игра на стадионот во овој руски град. „Црвените ѓаволи“ уште во текот на вчерашниот ден пристигнаа во Русија, утрово го одржаа и првиот тренинг, по што „специјалниот“ изрази загриженост дека би можело да дојде до повреди кај неговите фудбалери поради очајниот терен за игра.

Не можам да поверувам дека ќе треба да играме на овој терен. Мислев дека Ростов има терен за играње фудбал, oчигледно не сум бил во право. Што да кажам за теренот, многу е сличен на оној од минатото лето во Кина, кога решивме да не играме и порано се вративме дома. Овојпат УЕФА вели дека мора да се игра, па ќе мораме да играме… и да ризикуваме евентуални повреди“ – изјави Мурињо.

Хенрик Мхитаријан ги надмина проблемите со повредата на мускулот и отпатува со тимот во Русија, но Ерменецот речиси сигурно нема да биде ризикуван на така лош терен за игра.

3E1285AE00000578-4293044-image-a-137_1488974160039 3E1249A600000578-4293044-Sportsmail_s_Chris_Wheeler_took_this_photo_of_Rostov_s_pitch_pri-a-104_1488972093368

Се вчитува...