Мурињо: Многу би сакал да сум како Јирген Клоп

Јирген Клоп и Ливерпул претрпеа убедлив пораз од 3-0 на гостувањето против Барселона, по што се големи шансите „црвените“ да завршат уште еден сезона без ниту еден освоен трофеј. Тоа беше доволен повод за Жозе Мурињо да се јави со изјава и да го „пецне“ Јирген Клоп.

„Да бидам искрен, многу би сакал да сум како Јирген Клоп. Тој е три и пол години во еден клуб, нема освоено ниту еден трофеј, а се уште ја има поддршката од управата за да продолжи да работи и да оди напред. Уште сега кажувам, во преговорите со мојот следен клуб ќе инсистирам на долгорочност на проектот, нешто што Клоп очигледно го има“ – истакна Мурињо.

Тој не го заборави ниту Пеп Гвардиола, потенцирајќи дека стратегот на Манчестер Сити сите свои проблеми ги решил со скапи трансфери.

„Да не заборавиме, Пеп имаше слаба прва сезона и мислеше дека проблемот му е во одбраната. Што направи тогаш? Купи четири дефанзивци за многу пари, плус голманот Браво. А кога не му се допадна како брани Браво, потроши уште повеќе пари за Едерсон“ – вели Жозе Мурињо.

Се вчитува...