Мурињо: Моите момци се тажни, немаат самодоверба!

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, е свесен дека на неговите играчи им недостасува самодоверба, и додаде дека некои од нив натпреварот против Брајтон го започнале тажни и изморени. Фудбалерите на Брајтон со минимален резултат го победија Тотенхем, кој играше без Хари Кејн. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Леандро Тросард во 17. минута.

„Спарс“ го претрпеа вториот последователен пораз, петти во Премиер лигата оваа сезона и во моментов се шести на табелата со 33 бода.

„Имаме пет порази на 20 натпревари. Секој тим во Премиер лигата има свои подеми и падови. Секако, ова е тежок момент за нас поради резултатите, повредите и недостатокот на самодоверба. Имаме свои проблеми, но на крајот на сезоната ќе видиме што ќе направиме“, изјави Жозе.

И покрај поразот, португалскиот стручњак не беше незадоволен од она што неговите играчи го прикажаа на теренот.

„Не го започнавме натпреварот добро, мојот тим беше малку тажен. Примивме гол на самиот почеток, што донесе уште поголема тага и ја растури самодовербата на тимот. Второто полувреме беше поинакво, ние покажавме поинаков став. Пробавме сè, пристапот беше добар. Имаше уморни играчи, но дадоа се од себе до последната секунда,“ заклучи Мурињо.

Следниот натпревар Тотенхем го игра против Челси.

Се вчитува...