Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, повторно го ’пецна’ Пеп Гвардиола, предводникот на Манчестер сити, поради притисокот што тој во последниот период го прави кон ФА на Англија за грубите стартови над неговите фудбалери. Шпанскиот стратег апелираше да се посвети поголемо внимание на заштитата на најдобрите фудбалери, кои редовно се многу грубо фаулирани.
„Можеби би требале тренерите малку повеќе да плачат…Можеби и јас би требало да плачам како некои други, за да ги заштитам своите фудбалери. Но, јас не го сакам зборот „да се заштитат“, затоа што не треба фокусот да се стави само на најдобрите играчи. На теренот се сите исти, и играат по исти правила“, изјави Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА