Манчестер јунајтед доживеа елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите од Севилја и речиси сигурно ќе ја загуби шампионската трка во Премиер – лигата со градскиот ривал Манчестер сити, па менаџерот Жозе Мурињо веќе размислува за засилувањата што би требале да пристигнат на „Олд трафорд“ во летниот преоден рок. Тој сака да има многу поконкурентен тим, за да може да им парира на „граѓаните“ на Пеп Гвардиола.
Според проценките на Мурињо, една од позициите која е дефицитарна во Манчестер јунајтед е улогата на вистински креатор на играта. Тој ги има Мата, Херера, Погба, Фелаини, Матиќ во средниот ред, но го посакува и Хамес Родригез, колумбискиот интернационалец од Баерн Минхен. Португалецот побарал од раководството на клубот да се обиде да го доведе на „Олд трафорд“, а за тоа Јунајтед е подготвен да плати 45 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА