Пол Погба и во следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед откако Жозе Мурињо решил да го блокира неговиот трансфер во Барселона. Французинот им се пофалил на соиграчите дека веќе има „дил“ со Барса за петгодишна соработка вредна 350.000 евра неделна плата, но трансферот нема да се реализира бидејќи Манчестер јунајтед нема намера да го продаде овој фудбалер.
Главен виновник е Мурињо, кој цела ланска сезона водеше војна со Погба оставајќи го скапиот ас на клупата на клучните натпревари, но сега не сака ни да чуе за негово заминување. Причината е незадоволството на „специјалниот“ од трансфер-активностите на неговиот клуб летово. Директорот Вудворд не исполни ниту една од желбите на Мурињо, а на два дена пред крајот на преодниот рок Мурињо смета дека би било погубно да се продаде Погба без да се има време да се ангажира адекватна замена.
Британските медиуми јавуваат дека агентот Мино Раиола отпатувал за Манчестер во обид да ги убеди „ѓаволите“ да го променат својот став, но тешко е да се верува дека тоа навистина ќе се случи, па Јунајтед уште повеќе да ослаби во периодот кога сите негови ривали значително се засилуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА