Мурињо му одговори на Гвардиола: Јас сакам правда… Како што се казнуваат малите екипи, така да биде и за оние недопирливите!

Португалецот Жозе Мурињо продолжувајќи на темата Манчестер сити, се одлучи да му одговори на Пеп Гвардиола кој истакна дека некои постојано зборувајќи единствено за Сити сакаат само да им наштетат на „граѓаните“ посакувајќи да бидат исфрлени од Премиерлигата.

Мурињо, овој пат, нагласи дека не сака „граѓаните“ да завршат во Чемпионшиплигата, но бара само правда за големите екипи, иста онаква каква што постојано се демонстрира на малите екипи во Европа.

„Помали екипи секогаш се казнуваат ако направат прекршок со финансискиот фер-плеј. Тие се казнуваат секогаш за се. И ние страдавме поради тоа во Рома, а тоа воопшто не е фер. Токму затоа јас само барам правда, ништо повеќе. Како за сите, така да биде и за оние, условно кажано, недопирливите“ – вели Мурињо.

Се вчитува...