Времето на Жозе Мурињо во Турција и понатаму е на насловните страници во земјата. Според пишувањата на неколку локални медиуми, Фенербахче потрошил околу 36,5 милиони турски лири, приближно 750 илјади евра, за да го покрие луксузниот престој на португалскиот тренер во хотелот Four Seasons во Истанбул, каде што живеел повеќе од една година.
Експертот кој седна на клупата на Фенербахче во 2024 година со цел да го врати клубот на врвот на европскиот фудбал, престојуваше во најексклузивниот апартман на хотелот, со поглед на Босфорот и сите можни удобности.
Сумата што сега ја откри турскиот печат предизвика бес во клубот, особено по ненадејното заминување на Мурињо во август 2025 година, кога Фенербахче го раскина неговиот договор откако беше исфрлен од Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите.
За 15-те месеци поминати во Истанбул, Мурињо беше во центарот на вниманието поради конфликтите со управата, острите изјави и сега поради цената на неговиот престој.
Сметката за хотелот дополнително се додава на обештетувањето од 12 до 15 милиони евра што наводно му го платил турскиот клуб по отказот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

