Жозе Мурињо би го презел веднаш Реал Мадрид, но за да се нафати на задачата му поставил на претседателот Флорентино Перез два услова, тврди шпански новинар од „Mundo Deportivo“.
Првиот услов бил доведување централен одбранбен играч, а вториот екипата да добие докажан голгетер.
Веднаш откако остана без работа, Мурињо стана кадидат за клупата на Реал Мадрид кој пак се мачи со резултатите сезонава и сериозно заостанува во трката за титулата во Шпанија. Според букмејкерите, Португалецот води на листата кандидати за кормилото на актуелниот европски шампионот пред Антонио Конте, Јоаким Лев и пред Масимилијано Алегри.
Мурињо во првиот мандат во Реал Мадрид помина три сезони, освои една првенствена титула, трофеј во Купот и имаше еден успех во Суперкупот на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА