Жозе Мурињо е познат како човек што нема влакна на јазикот, па тренерот на Рома едвај чекаше да биде прашан за најновите критики што Антонио Касано ги упати на негова адреса.
Поранешниот голгетер по завршувањето на кариерата се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста само со критики на адреса на играчи или тренери, но Мурињо не му остана должен.
„Секој може да има мислење, тоа не ми пречи, но Касано има еден проблем – тој не анализира конкретно, само плука по Рома и по Мурињо како да му е тоа еден вид на забава. Тој само многу зборува, а нема освоено ништо. Ајде да видиме.. Касано играше за Рома, Интер и Реал Мадрид. Во Мадрид го паметат по јакната, во Рома освои Суперкуп во меч на кој воопшто не настапи, а со Интер не стигна до трофеј дури ни во Купот на Ломбардија. Сите добро знаете што освои јас со Интер, Реал Мадрид и со Рома. Очигледно е дека тој човек има проблем со мене, јас немам со него. Ќе му кажам само една работа, Внимавај Антонио, ти имаш 40, а јас 60 години. Понекогаш ќе ти дојде некој Ливаја и тогаш е тешко“, одговори Мурињо.
Спомеднувањето на Хрватот Ливаја се однесува на времето кога овој фудбалер беше соиграч на Касано во Интер. Иако Касано во тој период важеше за фудбалска ѕвезда, добиваше помала минутажа од Ливаја, по што разочаран по само една година си замина од „Џузепе Меаца“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА