Жозе Мурињо нецел месец е без работа по отказот што го доби од Рома, а португалскиот стратег вечерва предизвика нов „земјотрес“ обелоденувајќи дека негова желба е да се врати назад во Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ имаа промени во управувачката структура и иако милијардерот Ретклиф моментно му укажува доверба на Ерик тен Хаг, големи се шансите при некој следен неуспех холандскиот стратег да добие отказ и на негово место да дојде некој друг стручњак. Мурињо со последната изјава само стави до знаење дека тој е крајно заинтересиран за камбек на „Олд Трафорд“.
„Подготвен сум повторно да бидам тренер, а една од желбите, доколку се укаже можно е да севратам во Манчестер Јунајтед. Тоа е моја мисија, мислам дека ми остана недовршена работа и затоа сакам да се вратам, по начинот на кој си заминав, сега уште повеќе сакам повторно да бидам на чело на Јунајтед“, изјави Мурињо.
Тој беше именуван за тренер на Манчестер Јунајтед летото 2016 година и мина две и пол сезони на клупата на овој клуб, период во кој освои два трофеи, по еден во Лигата на Европа и во Лига-купот на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА