Секогаш расположениот за контроверзен разговор, Жозе Мурињо на подкаст говорше на повеќе теми, а една од нив беше поврзана и за неговиот поранешен клуб Тотенхем.
На прашање „Кој е најсмешниот клуб во неговата кариера?“ португалскиот стартег не ја пропушти шансата да упати критика кон раководството на „петлите“ кое му врачи отказ само два дена пред големото финале со Манчестер Сити во Лига купот.
„Најсмешниот клуб во мојата кариера? Клубот кој има празна соба за трофеи, а ме отпушти два дена пред финале. Тотенхем никогаш ништо не освои. Пред 50 години има освоено нешто? Во ред, тоа и така не го паметам. Ме избркаа два дена пред финале“, изјави Мурињо кој се осврна и кон сегашниот ангажман.
„Сега сум во Рома. Друг профил на клуб и друга амбиција. Многу уживам тука. Ми се допаѓа клубот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА