Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, потенцира дека вечерашниот натпревар со Селта во Лига Европа за „црвените ѓаволи“ ќе биде најважен во клупската историја.
Тројниот европски шампион, денеска на „Олд Трафорд“ го игра реваншот против Селта во полуфиналето на Лига Европа. Во првиот натпревар во Шпанија, англискиот тим славеше со 1-0.
Манчестер јунајтед во Премиер-лигата се бори за пласман во Лигата на шампионите, но не се наоѓа во најповолна позиција бидејќи моментно е на шестата позиција и заостанува четири бода зад градскиот ривал Манчестер сити. Но, токму со триумф во Лигата на Европа, „црвените ѓаволи“ би ги оствариле своите цели. ж
„За Селта, според нивните зборови, ова е наважниот натпревар во нивната историја. Јас мислам дека тоа е најважен натпревар во нашата историја. Не е важно што се случувало и колку важни натпревари сме одиграле во минатото. Не мислам дека Селта повеќе од нас ја сонува победата. Навистина, не верувам во тоа, мислам дека во тој поглед ќе нема многу разлика меѓу екипите“ – истакна Жозе Мурињо.
Португалскиот стратег во претходните натпревари во Премиер лигата играше со комбиниран состав.
„Ситуацијата е едноставна – 17 натпревари во седум недели, со 16 играчи, тоа е невозможно. Тоа не е коцкање, тоа беше едноставна одлука заснована на здравиот разум“ – наведува тренерот на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА