Мурињо научи нов збор: Скандал… во турскиот фудбал има нешто токсично

Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на вниманието на турската јавност со новите критики кон луѓето кои раководат со федерацијата и лигата во оваа земја.

Неговиот Фенербахче славеше викендов, но изјавата на Мурињо се однесуваше на дуелот на ривалот Галатасарај, кој триумфираше со 2-1 над Гезтепе со еден сомнителен пенал, но и недосуден пенал на спротивната страна по играњето со рака на Ликас Тереира.

„Слободно можам да кажам дека во моите 35 години во фудбалот немам видено вакво нешто. Ова е друго ниво, над сето она што ние обичните смртници можеме да го разбереме. Не верувам дека ова е ситуација во која еден човек, еден клуб може да го разбие системот кој е многу силен длабоко вкоренет. Вчера начин збор што сите го повторуваа – скандал, скандал, скандал, тоа е нов збор за мене, што сите во оваа земја го сакаат. Многу го сакаат и самите победници, што е најлошо од се, бидејќи нема ништо полошо од тоа да инсистираш на победа, дури и на таков начин. Јас немам што да им забележам на моите фудбалери, гинат на секој натпревар. Сепак, чувствуваме дека е нешто токсично во турскиот фудбал, од тоа не може да се побегне“, порача Жозе Мурињо.

Фенербахче по 17 одиграни рунди се наоѓа на второто место со 39 освоени бода, осум помалку во однос на лидерот Галатасарај.

Се вчитува...