Рома стигна до нова победа во Конференциската лига откако славеше на гостувањето против Зорја со 3-0. Но, по мечот Жозе Мурињо повторно беше фокусиран на Лацио и дерби дуелот кој неговата Рома го загуби со 3-2.
Како потсетување, Португалецот не беше задоволен од судењето на тој меч за кој велеше дека неговиот тим е оштетен за пенал, по што следеше и реакција од Маурицио Сари кој изјави дека судијата и му поклонил пенал на мечот, а овој пат Мурињо отиде и чекор подалку нарекувајќи го Лацио мал клуб.
„Победивме и тоа е најбитно. Пред неколку дена издоминиравме против една мала екипа и загубивме. Таков е фудбалот, резултатот е најважен“, изјави Мурињо.
Лацио играше два часа подоцна, а Маурицо Сари по мечот се одлучи да не ја продолжи „играта на зборови“.
„Го почитувам Мурињо и нема да се вклучам во оваа пантомима. Секој има право да верува во што сака“, изјави Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА