Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед се уште ги нема повлечено главните потези во овој летен преоден рок. Менаџерот Жозе Мурињо има огромна желба да го доведе Иван Перишиќ од Интер на „Олд Трафорд“, но се чини дека нема веќе да го чека Хрватот, па смисли друго решение. Тој подготви 50 милиони фунти и ќе купува во Шпанија.
Португалецот е заинтересиран за Микел Ојарзабал, крилниот играч на Реал Сосиедад. Тој е ѕвезда во подем, има само 21 година, а веќе е доволно искусен, и екстра квалитетен за да може да се снајде во Премиер – лигата. Минатата сезона Ојарзабал одигра 35 натпревари за Реал Сосиедад, постигна 12 гола и имаше четири асистенции.
За Микел Ојарзабал интерес покажуваат и шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА