Жозе Мурињо вели дека максимално е концентриран на големата дерби пресметка на Манчестер јунајтед против големиот градски ривал Манчестер сити.
Јунајтед последниот период направи неколку пресврти на натпреварите. Против Њукасл губеа со 0-2 па победија со 3-2, а во Лигата на шампионите од 0-1 против Јувентус на крај славеа со 2-1.
Неизбежно за Мурињо пред дуелот со Сити беше и прашањето дали смета дека неговиот ривал работи според правилата на финансискиот фер-плеј…
„Тешко ми е да одговорам на тоа прашање, затоа што јас си ја гледам само мојата работа. Но можам да кажам дека имаат страшен тим, едноставно се надостижни, а што стои позади тоа не би знаел да кажам. Мене, како и да е, ме мачи нешто друго. А тоа е зошто на секој натпревар мора први да примиме гол. Во позитивна смисла добро е што фудбалерите и после тоа не се откажуваат туку одат до крај, но не мора баш секогаш да бркаме негатива. Затоа веќе за следниот меч мора да го менуваме пристапот“ – вели Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА