Жозе Мурињо стави крај на шпекулациите дека Кристијано Роналдо би можел во јануарскиот преоден рок да му се приклучи во Фенербахче. Турските медиуми пред десетина дена излегоа со оваа „трансфер-бомба“ во јавноста, но Мурињо јасно стави до знаење дека тоа нема да се реализира.
„Кристијано Роналдо нема да дојде кај нас. Најважната причина е што во тимот имам тројца одлични голгетери и не ми треба уште еден. Кристијано секогаш ќе биде Кристијано, но не го сакам во Фенербахче“, изјави Мурињо.
Трофејниот стратег додаде и дека самиот Роналдо нема зошто да го напушти Ал Наср и барем привремено да се пресели во Турција.
„Тој е среќен во Саудиска Арабија, заработува огромни пари и очигледно си има зацртано цел да стигне до 1.000 голови. Што би можело да го мотивира да дојде освен убавината на Истанбул, да го види овој град може секогаш“, прокоментира Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

